Home » Во фокусот » DIRECT MEDIA United solutions најави нова ера на регионалниот маркетинг

DIRECT MEDIA United solutions најави нова ера на регионалниот маркетинг

Во присуство на повеќе од илјада гости, Direct Media, која е дел од United Group, го означи почетокот на новиот развоен циклус во работењето и најави влез на регионалниот маркетинг на следната еволутивна фаза.

Со нов визуелен идентитет, DIRECT MEDIA United solutions како долгогодишен лидер во обезбедување на адвертајзинг, комуникациски и медиумски услуги во Југоисточна Европа и во новата ера ќе продолжи да биде предводник на дигиталната трансформација во регионот на патот кон иднината на маркетингот и огласувањето.

“Минатата година станавме дел од United Mediа, односно United Group, водечки систем во овој дел од Европа во областа на телекомуникациите и медиумите кој силно гази кон новата технолошка ера и го иновира работењето на дневно ниво. Затоа, наша голема привилегија е да започнеме нов раст токму со United Group, додека истовремено јасно можеме да го препознаеме придонесот што ќе го обезбедиме за развојот на United Group и регионалниот маркетинг воопшто”, изјави главниот оперативен директор на DIRECT MEDIA United solutions, Јован Стојановиќ.

Во големиот систем на United Mediа и United Group, DIRECT MEDIA United Solutions ќе продолжи да развива нови технологии, иновативни адвертајзинг модели и дигитален маркетинг. Ова ќе овозможи креирање на единствени комуникациски решенија кои ќе бидат пласирани низ различни напредни платформи, а на компаниите, брендовите и медиумите во целиот регион ќе им донесе побрз пробив во дигиталната ера и ефикасен развој на бизнисот.

“Во новата ера, поврзаноста е главната валута, а решенијата за предизвиците во работењето се комуникациските стратегии за новите генерации кои ги развиваме. Тоа ќе бидат многу посложени, технолошки решенија кои ги спојуваат постоечките и создаваат нови мостови на комуникација. Како професионалци сме целосно подготвени за овој чекор и со многу ентузијазам и самодоверба, влегуваме во нов развоен циклус”, изјави Јован Стојановиќ.

Речиси дваесет годишното работење на Direct Media беше одбележано со регионална експанзија, поместување на границите во индустрија на огласувањето, производството на врвни телевизиски содржини, како и општествено одговорно работење. Преку постојано подобрување на експертизата, Direct Media успеа да воведе светски стандарди во маркетинг индустријата во регионот и покрај фактот дека не припаѓа на ланец на глобални агенции.

DIRECT MEDIA United solutions обезбедува услуги за меѓународни и домашни компании на пазарите во осум земји, преку мрежа на канцеларии и афилијации во Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска и Бугарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365