Најголемата плаформа за онлајн продажба во светот Amazon се соочува со скандал во Индија откако двајца директори на компанијата биле обвинети за продажба на марихуана токму преку платформата.
Полицијата во централната индиска држава Мадхаја Прадеш ги упсила двајцата мажи при наводен превоз со намера за продажба на 20 килограми марихуана до други индиски држави.
Според полицијата, двајцата мажи ја користеле платформата за продажба на канабис, јавно претставуван како листови стевија (природен засладувач).
Властите проценуваат дека преку платформата вкупно биле продадени 1,000 килограми мариухана, во вредност од околу 148,000 долари.
Двајцата обвинети биле извршни директори во Amazon India.
Како одговор на случајот, компанијата објави соопштение во кое се истакнува дека „Amazon има нулта толеранција“ за ваквото однесување и дека ќе преземе строги акции против сите индивидуи и трети страни кои ги нарушиле нивните компаниски политики или законот за продажба на нелегални производи.