Генералниот извршен директор на Apple, Тим Кук и официјално стана милијардер според индексот на милијардери на Блумберг, со богатство од 1.02 милијарди долари.
И покрај тоа што Apple вреди над 2 трилиони долари, богатството на Кук е далеку од она на генералните директори на останатите големи технолошки компании како Џеф Безос од Амазон и Марк Зукерберг од Фејсбук, главно поради тоа што Кук не основач на компанијата.
Главниот извор за приходи на Кук се неговата плата како генерален директор на Apple и акциите кои ги има во компанијата. Годишната плата на Кук во 2019 година изнесувала околу 3 милиони долари. Тој е сопственик на 847,969 акции во Apple, односно само 0.02% од вкупниот број на акции на компанијата, проценети на околу 375 милиони долари. Кук е исто така член и на бордот на директори на брендот за спортска опрема Nike.
Тим Кук пораснал во малото рурално гратче Робертсдејл во Алабама, САД, заедно со уште двајца браќа. Неговиот татко работел на бродоградилиште, а неговата мајка била фармацевт. Неговата прва работа била доставување на весници.