Home » Во фокусот » Директорот на „Пиксел“, Филип Ристевски, избран за „Претприемач на годината 2018 г.“

Директорот на „Пиксел“, Филип Ристевски, избран за „Претприемач на годината 2018 г.“

Нема поголема награда за една фирма кога сета напорна работа во текот на годините ќе се валоризира со признание како она на престижните награди „Претприемач на годината 2018“ за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата.

“За нас, како „Пиксел“ од огромна важност е тоа што на една ваква престижна манифестација успеавме да се закитиме со втората награда во категоријата мали претпријатија“, велат од компанијата Пиксел.

Наградите ги доделија министерот за економија, Крешник Бектеши, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, и Лазар Неданоски, раководител од Македонската развојна фондација за претпријатија.

Претселекцијата за изборот на „Претприемач на годината 2018“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на Република Македонија. Во периодот од 2015 до 2017 година вкупно 112 микро и мали претпријатија ги исполнија критериумите за избор и имаат реализирано континуиран раст во бројот на вработени, во вкупните приходи, во добивката и во инвестициите. Со најдобрите претприемачи се стапи во контакт и беа вклучени во процесот на избор преку пополнување прашалник, посета на терен, анализа и оцена според однапред утврдени критериуми (посветеност на обуки, маркетинг и стратегија за раст, инвестиции во опрема и истражување, развој и иновации и др.).

Главни организатори на Претприемач на годината 2018 се Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ). Коорганизатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Институционален покровител е Министерството за економија на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365