Американскиот медиски гигант Disney молкум го промени логото на својата главна стриминг платформа, Disney+, заменувајќи ја темната сина боја со тиркизна.
Промената ја забележаа корисниците на платформата, кои го добија новото лого со ажурирање на апликацијата на нивните телевизори, таблети или мобилни уреди.
Од компанијата нема официјално образложение за промената, иако многумина претпоставуваат дека таа има врска со најавената интеграција на Disney+ со Hulu, инаку друга стриминг платформа во сопственост на Disney која има неонско зелено лого.
Одлуката да се избере тиркизната наместо сината боја за визуелниот идентитет на Disney+ веројатно се должи и на стремежот на компанијата да се одвои од конкурентските платформи како Paramount+, Max и Amazon Prime Video, кои исто така користат сини логоа.