Стриминг-платформата Disney+ достина 116 милиони претплатници на глобално ниво, што претставува раст од 57.5 милиони претплатници во одност на истиот период минатата година.
Disney+ очекува да достигне барем 230 милиони претплатници до 2024 години. Листата на најпопуларни стриминг-платформи во светот сé уште ја предводи Netflix, кој моментално има над 200 милиони претплатници.
Растот на Disney+ доаѓа по лансирањто на големи премиери како филмот “Luca” на Pixar и сериите “The Falcon and the Winter Soldier” и “Loki” на Marvel.
За време на пандемијата, Disney започна напоредно да лансира филмови и во кино-салите и на премиум верзијата на Disney+, што предизвика контроверзии кај актерите кои очекувале само кино проекции, резултирајќи и со тужба на актерката Скарлет Јохансон против Disney.
Компанијата пак најави дека 18 ноември, денот на Disney+, ќе биде одбележан со „широка промоциска кампања без преседан“.
Покрај Disney+, и другите две стриминг платформи на компанијата Disney, Hulu и ESPN+, исто така забележале раст во бројоt на претплатници. Првата достигнала 39 милиони претплатници, со раст од 22% на годишно ниво, додека пак втората – 14.9 милиони претплатници, со раст од дури 75% во однос на истиот период лани.
Телевизиските мрежи на Disney, ESPN и ABC, достигнале вкупни приходи од 2.19 милијарди долари, што претставува раст од 33% во однос на една година претходно.
Благодарение на олабавувањето на карантинските мерки, пораснале и приходите од тематските паркови на Disney, на вкупни 4.3 милијарди долари, што е 1 милијарда повеќе од истото време минатата година.