H&M со гордост ја најавува специјалната соработка со реномираната полска дизајнерка Магда Бутрим. Женската колекција, со додатоци и накит, ќе биде достапна во одбрани продавници на H&M, како и онлајн, од 24 април 2025 година.
Ова партнерство ја означува првата, во дваесетгодишната традиција на дизајнерски соработки, соработка на H&M со дизајнер од Полска. Акцентот е на наследството и уникатниот глас на Магда: тоа е прослава на женственоста и покана за истражување на романтичниот универзум на словенскиот стил.
Колекцијата ја користи розата како централен мотив. Според Магда, тоа е совршен симбол на женственост, во исто време нежен и самоуверен, деликатен и независен, сензационален и секогаш растечки.
„Навистина ја гледам оваа колекција како покана за луѓето да ѕирнат во нашиот свет и да ја прослават женственоста и цветот. Секое парче носи свое чувство за словенска романса, притоа оддавајќи почит на историјата на нашиот бренд“ – Магда Бутрим.
Колекцијата ја одбележува и десетгодишнината од брендот Magda Butrym со можност за оживување на некои од најомилените силуети. Достапни се и разни иконски парчиња од архивите на модната куќа, од проѕирни фустани кои потсетуваат на ливчиња и расцутени цвеќиња, до кроеви со широки раменици и големи палта со нагласен струк. Клучните парчиња од колекцијата вклучуваат црвен фустан со набори кој потсетува на букет црвени рози, волуменозен фустан со плетка од чипка и бордо кожно палто. Сите парчиња ја отелотворуваат суштината на колекцијата, прикажувајќи ги препознатливиот спој на женственост, храброст и сложена изработка на Магда.
Други клучни парчиња се фустаните во карактеристични тонови на розова и црвена боја, како и впечатлив принт од роза. Фустаните ја следат линјата на телото и нудат разновиден и модерен изглед. Безвременските кроеви во црно, со нагласени раменици и жакард постава, ја покажуваат умешноста на Магда во архитектурата. Модните додатоци вклучуваат сандали со ремен и цвеќиња на потпетиците, впечатливи сребрени кристални обетки со цвеќиња и свилени марами кои ја реинтерпретираат полската женственост.
„Возбудени сме да ги поканиме сите во моќниот и поетски свет на Магда. Колекцијата е полна со виталност и радост и ја претставува нејзината исклучителна способност да ја толкува современата женственост на богат и уникатен начин“ – Ан-Софи Јохансон.