Home » Компании » Дизни ја презема забавната програма на 21st Century Fox за 71 милијарди долари

Дизни ја презема забавната програма на 21st Century Fox за 71 милијарди долари

Компанијата Дизни го комплетираше преземањето на забавната програма на 21st Century Fox во рамките на 71 милијарди долари вредната трансакција со што официјално ја финишираше зделката за откуп на поголем дел од активите на филмскиот и телевизиски холдинг.

Според договорот, под контрола на Дизни ќе преминат филмските и ТВ студија на Фокс, телевизиската мрежа на Фокс, National Geographic и индиската ТВ станица „Star India“. ТВ каналот Фокс Њуз не е опфатен до договорот.

“Ова е извонреден и историски момент за нас – што ќе создаде значајна долгорочна вредност за нашата компанија и нашите акционери”, изјави Роберт Егер, претседател и извршен директор на Дизни.

Дизни, исто така планира во текот на оваа година да лансира нова услуга за стриминг Дизни Плус, со што ќе стане директен конкурент на Netflix.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365