Забавните паркови Tokyo Disneyland и Tokyo DisneySea престанаа да им се обраќаат на посетителите со „дами и господа, момчиња и девојчиња“, одлучувајќи да користат родово неутрални термини, објави операторот на овие забавни паркови Ориентал Ленд.
Од 18 март, двата парка во своите најави во паркот ги поздравуваат гостите со „здраво на сите“ со цел да бидат родово неутрални, пренесува јапонската агенција Кјодо.
Најавите за некои атракции на паркот исто така се променети со цел да станат родово неутрални, а промената е направена така што „сите гости ќе продолжат да уживаат“ во своите моменти во парковите, соопшти портпаролот на тој оператор.
Од октомври минатата година, јапонската авиокомпанија Japan Airlines исто така започна да користи инклузивни фрази во обраќањето до патниците во авионите и аеродромите.