• Огласи за работа
  • |
  • Датабаза на агенции
  • |
  • Датабаза на медиуми
Saturday, April 17, 2021
No Result
View All Result
NEWSLETTER
Marketing365
Контакт
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
Marketing365
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
No Result
View All Result
Marketing365
No Result
View All Result

Дизни + почнува да става предупредувања во своите класични филмови поради расизам

March 23, 2021
in Во фокусот, Медиуми, Најнови вести
Сподели на FacebookТвитниСподели на LinkedIn

Стриминг компанијата Дизни + започна да става предупредувања во своите класични филмови како што се „Дамбо“ или „Книгата за џунглата“

„Питер Пан“, „Дамбо“, „Книгата за џунглата“ – многу возрасни ги гледале овие филмови на Дизни како деца. Дури и денес, овие класични филмови се популарни, како кај децата, така и кај возрасните.

Токму оваа популарност на филмовите на компанијата Дизни носи и критики. Во САД и Европа се` повеќе се бара преиспитување на филмовите од минатото и поинакво раскажување на приказните во иднина.

р е к л а м а

На почетокот на оваа година, Дизни + на најавната шпица на голем дел од своите филмови ја додаде следната формулација: „Оваа програма содржи негативно претставување и/или некоректен третман на луѓето и културите. Овие стереотипи биле погрешни тогаш, како што се погрешни и денес“. Во филмовите кои се обележани на овај начин спаѓаат „Питер Пан“, „Дамбо“, „Маза и Луња“, „Мачки од високото општество“ и „Книгата за џунглата“.

Во „Дамбо“, враните зборуваат со афро-американски нагласок и му служат на стереотип на афро-американец кој свири и пее. Во „Питер Пан“ домородните народи се нарекуваат „црвенокожци“. Во „Мачки од високо општество“, една мачка јаде со стапчиња и зборува со азиски акцент.

Експертот за културологија и литература Ева Фрст смета дека она што е напишано во соопштението има смисла: „Таквата оптествена проценка може да биде поздравена, тоа е многу подобро отколку филмовите да не се прикажуваат повеќе. На овај начин се овозможува да се поразговара со децата за расизмот и негативните стереотипи “.

Како ќе изгледаат филмовите во иднина?

Сепак, кон крајот на јануари, на својата онлајн платформа Дизни ги заклучи тие филмови за профилите на деца под 12 години. Ева Фрст, научен соработник на Институтот за образование и социјална иновација во Бон, ја критикуваше одлуката: „Она што е тешко тука е да не им верувате на децата да разберат како некои работи се погрешни. Мислам дека не е добро да се заклучуваат се` повеќе филмови, туку свесно да се третираат проблематични работи, да се зборува за нив како знак за своето време и дека и тогаш тоа било погрешно“.

Па, како да се подобри тоа? Културните работници во САД и Европа го поставуваат ова прашање веќе неколку години. И не само во однос на производите на концернот Дизни, туку, на пример, и во театарот. Дискусија имаше и меѓу писателите и независните филмски продуценти и режисери.

Ева Фрст, која на европските универзитети ги води работилниците „Свесност за расизмот“, смета дека посочувањето на проблематичните аспекти на филмот во најавната шпица е првиот вистински чекор. Особено затоа што им помага на родителите да разберат дека има работи во филмот што мораат да им ги објаснат на своите деца. Таа вели дека сега мора да следат наредните чекори. Компанијата Дизни би можела да опфати широк спектар на тешки прашања што се појавуваат во филмовите кои ги нудат. Тие не треба да се занимаваат само со костимите и сценариото, туку и со моралните проблеми што произлегуваат од некоја серија или филм.

извор: DW

Вечерен бриф

Маркетинг365 вечерен бриф

* indicates required

За нас

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија.
Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 година), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014)…….Прочитај  ПОВЕЌЕ

marketing365-logo-transparent

  • Импресум
  • Контакт
  • Датабаза на агенции во Македонија
  • Политика за приватност на Marketing365 (Privacy Policy)

 

Cannes Lions Official Festival Representative

AmCham

  • Импресум
  • Контакт
  •  Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Во фокусот
    • Колумни
    • Интервјуа
    • Истражувања
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Настани
  • Компании
  • ДАТАБАЗА НА АГЕНЦИИ
  • ДАТАБАЗА НА МЕДИУМИ
  • Контакт
  • Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.