Home » Во фокусот » До 2023 година, 50% од стартапите со кои работи Unilever ќе ги водат жени

До 2023 година, 50% од стартапите со кои работи Unilever ќе ги водат жени

Четири од десет жени во стартап индустрија веруваат дека половата дискриминација ќе остане иста, без оглед на тоа колку се успешни нивните бизниси

Unilever се заложи за зголемување на уделот на стартапите кои ги водат жени меѓу компаниите во кои инвестира овој гигант. Во моментов, само 23% од нивните инвестиции одат во компании предводени од жените, а Unilever сака оваа бројка да достигне 50% до 2023 година.

Потпретседателот на Unilever за маркетинг, Алина Сантос, го искористи својот говор на Светскиот мобилен конгрес во Барселона за да ја објави намерата на компанијата да ги промени работите во оваа област.

Голем дел од инвестицијата на овој гигант во стартапите се одвива преку нивната програма Unilever Foundry, која беше формирана пред четири години. Оттогаш работеле со речиси 10.000 стартапи.

Иако Unilever е понапред од глобалниот просек, кој укажува на фактот дека жените сочинуваат само 17% од стартап компаниите, Сантос не е задоволна од сегашниот сооднос.

Unilever нарача студија за стартапи во САД, Велика Британија, Индија и Сингапур, која покажа дека 46% од основачите на стартапите веруваат дека постои проблем со родовите предрасуди во индустријата..

Гледајќи го искуството на жените во заедницата, 61% изјавиле дека нема доволно примери во индустријата, додека 42% од основачите на стартапите велат дека пристапот до финансии е најголемата пречка за нив. Интересен податок од истражувањето е дека многумина од нив препознаа машки колега за да го претстават стартапот на потенцијалните инвеститори наместо, со цел да ги подобрат своите шанси за финансирање.

39% од основачите честопати се сретнуваат со сексизам во овој бизнис, вклучувајќи и повици за состаноци во доцните вечерни часови, што ги толкуваат како несоодветни.

Четири од десет жени во стартап индустрија веруваат дека половата дискриминација ќе остане иста, без оглед на тоа колку се успешни нивните бизниси.

Како одговор на ова, Unilever се здружи со организацијата UN Women и 22 други компании во Глобалната иновациска коалиција за промени (Global Innovation Coalition for Change). Оваа група првенствено се бори за тоа да се препознае дека постои проблем, со цел потоа, да се убедат компаниите да бидат транспарентни и да ги објавуваат сопствените статистички податоци за ова прашање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365