Lisbon International Advertising Festivals Group повторно предводи во иновациите со одличната вест дека добитниците на Grand Prix награда на нивните огласувачки фестивали, покрај традиционалните физички трофеи, ќе добијат и трофеи во дигитален NFT формат.
Во време кога светот и трендовите постојано се менуваат и се развиваат, од суштинско значење е да се предводи во иновациите и организацијата на настани. Согласно тоа, Lisbon International Advertising Festivals Groups е пионер во својата област, како првата фестивалска група која ќе ги наградува своите победници со NFT трофеи.
NFT е тип на сертификат, кој се користи во основата на системот за криптовалути, кој претставува нешто уникатно, колекционерно и што не може да се реплицира. Lisbon International Advertising Festivals Group ќе функционира на „блокчејн“ технологија, дозволувајќи им на агенциите пристап до нивниот дигитален трофеј, покрај стандардниот физички трофеј.
„Огласувачките фестивали имаат смисла само ако предвидуваат трендови. За жал, во последниве години, главно поради пандемијата, едноставно станавме реактивни. Треба да го смениме овој тренд. Да се биде пионери во трансформирањето на традиционалните физички трофеи во NFT покажува кон што целиме: сакаме да ја трансформираме оваа индустрија на подобро, сакаме повторно да бидеме во првите редови“ – изјави Ана Фирмо Фереира, извршен директор на Lisbon Awards Group.
За заинтересираните агенции, професионалци, студија и продукциски куќи, пријавувањето на кампањи за фестивалот завршува на 9 септември, а доделувањето на наградите е закажано за 18 октомври.
За повеќе информации, можете да го посетите официјалниот веб-сајт на фестивалот, или пак да го заследите на социјалните мрежи Facebook и Instagram.