Home » Во фокусот » Добредојдовте во Музејот на промашувањата

Добредојдовте во Музејот на промашувањата

Во шведскиот град Хелсингборг, приморски град оддалечен 40 минути северно од Малме, се наоѓа зграда во која можете да пронајдете голем број на лоши одлуки на светските брендови. Sony Betamax стои покрај Trump: The Board Game социјалната игра, а Coke II е сместена покрај заборавеното DVD пакување на Blockbuster.

Се работи за Музејот на промашувањата (Museum of Failure), а го осмисли еден огорчен маркетер и организациски психолог, Самуел Вест. Решен да ги покаже резултатите на своето истражување за иновациите на еден иновативен начин, станува кустос и тоа откако ќе го открие загребскиот Музеј на прекинати врски. Неговата тематика? „Се` повеќе ме заморуваа приказните за успесите кои ни ги филуваа и кои би требало нас да не` инспирираат“ објаснува тој. Секако, тие можат да бидат инспиративни, но не ни нудат многу за да научиме нешто“.

Како против отров на тоа, тој започнува процес на собирање на историски иновации кои неславно пропаднале. Него му било важно да не ги вклучи екпонатите кои некогаш биле корисни, но со време застареле, туку да ги собере оние кои од било која причина не успеале од самиот почеток. Тој потсетува дека било многу тешко да најде некои културолошки мртви предмети, како што се шишињата од парфемот Harley Davidson или Apple Newton MessagePad, затоа што никогаш не доволно добро се продавале за да бидат сеприсутни помеѓу колекционерите.

Не би рекол дека имам некој посебен интерес за неуспехот на брендовите“, вели Вест. „Повеќе се работи за фокусирање на иновациите кои не успеале. Мене брендовите всушност, не ме интересираат. Тие се симболи за нешто совршено и мислам дека е поспектакуларно да се видат грешките на Apple или Google, бидејќи тоа се тие непогрешливи, совршено богати мулинационални компании. Некој човек во соседството измислува работи во својот подрум? И тој има пропусти, но не е толку интересно да се нурне во неговите грешки, како во грешките на Кока Кола на пример.“

Како психолог, Вест признава постоење на schadenfreude елемент  – задоволство кое произлегува од следење на грешките или страдањето на другите. Меѓутоа, одлучен е во тврдењето дека екпонатите не се тука за да некој се исмева: всушност, тој верува дека на многу им се дава здрава количина на почит.

На пример, тука е приказната за Kodak“, објаснува Вест. „Тоа е една трагична приказна за престижна голема компанија која не го прилагоди својот модел на работење на технолошките промени околу нив. Иако беа пионери во дигиталните фотоапарати, не го променија својот модел на работење, па отидоа во стечај и тоа е предупредување за другите компании.“ Исто така додава: „Од друга страна воопшто не ми е жал за Bic женските пенкалата (бесмислено родово – прилагодени и универзално критикувани). Тоа е едноставно глупаво.“

Шетањето во музејот несомнено би можело да биде депресивно за еден маркетер. На крајот, во прашање е речиси исцрпна колекција на дизајнерски и маркетиншки катастрофи. Но Вест верува дека маркетерите на овај проект треба да гледаат како на прилика да научат нешто.

Има многу работи што огласувачите можат да научат од музејот“ изјави тој. „Тука е секако класичната лекција дека претераното ширење на брендот на други подрачја обично носи неуспех. Беше фатална грешка на Colgate што произведуваа смрзнати оброци или за шведскиот произведувачна оружје Bofort што направија паста за заби.“

Тука се и суптилните лекции коитреба да се научат, како …да се биде прв кој ќе излезе на пазарот не значи секогаш дека е најдобро. Без оглед на тоа што мисли вашиот шеф или некој извршен супер директор, понекогаш е подобро да се заврши добро работата отколку да се биде прв.“ Исто така додава: „Ако сте менаџер на брендот и ако зезнете нешто во маркетингот или во производството, признајте го тоа, признајте го тоа. Луѓето простуваат, но не и ако не ги признаете своите грешки.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365