Само до пред неколку години, аудиото изгледаше како да е осудено за ‘корпата за отпадоци’ на историјата.
Подкастите беа тешки за наоѓање и следење (потсетете се дека до 2012 година iPhone-от немаше Подкаст апликација, која пак стана составен дел на iOS дури во 2015). Музичката индустрија изгледаше како да ‘нурка’ само надолу, радиото едвај опстојуваше, а љубителите на аудио книги беа ретки и доста оддалечени меѓусебе.
Но сега? Работите драстично се сменија.
Во пост-сериската доба, подкастите оддеднаш станаа ‘најжешкиот’ тренд. ТВ ѕвездите гласно ги најавуваат лансирањето на нивните подкасти, додека пак оние кои веќе се навлезени во тоа почнуваат да добиваат и свои телевизиски шоуа. Радио водителите кои изгледаа како да се врзани за архаичен медиум, наеднаш стануваат масовно популарни благодарение на нивните теленти за интервјуирање и раскажување приказни.
Сервиси за стримување музика како Spotify и Pandora продолжуваат да се развиваат, подобрувајќи и проширувајќи ги начините за откривање на нова музика или реоткривање на стари класици.
Аудио книгите ‘експлодираа’, со покачување на продажбите од над 20% по година, надминувајќи 1,7 милијарди долари во приходи, додека печатените и електронските книги се борат да го оддржат својот пазар.
Оваа недела, светски популарниот адвертајзинг магазин Adweek навлезе подлабоко во оваа тема со серија статии кои ги обраборуваат технологиите, тактиките и брендовите кои ја дефинираат новата ‘Златна ера’ на аудиото. Дел од тие текстови можете да ги прочитате на следните линкови:
Celebrities Are Flocking to Podcasts, but Will They Stick Around? >
Major Brands Are Betting Big on Podcasts, and It Seems to Be Paying Off >
Even Spotify Is Surprised by the Huge Success of Its Discover Weekly Playlists >