“The Real Apple Store“, или продавницата за јаболка, изгледа баш исто како ултрамодерните продавници на технолошкиот гигант Apple…со таа разлика што овде се продаваат баш јаболка :)
Доколку го барате најновиот ултра тенок модел на Apple, наредниот пат кога ќе го посетувате Лондон, добро внимавајте во кој Apple Store ќе влезете :)
Borough Market, еден од најстарите маркети во Велика Британија оваа година одбележува 1000 години постоење и како дел од прославата решија своите купувачи да ги почастат со фантастичен концепт на својата нова продавница, креирајќи вистинска Apple продавница :)
На полиците ставија јаболка, баш како што во “братските“ Apple продавници можете да видите iPhone или iPad, а наместо техничките спецификации испишани се информации за сортата јаболка, нејзиниот вкус и потекло. Едно е сигурно, овие јаболка имаат вграден одлиен firewall и одлични се во заштитата од вируси.
Погледнете како изгледа оваа продавница: