Американската франшиза на пицерии Papa John’s ја лансираше својата нова глобална кампања насловена “Fresh Soul” („Свежа душа“ во буквален превод).
Централниот спот на кампањата прикажува пицерија на Papa John’s која е претворена во место за забава каде луѓето уживаат во добра соул музика во комбинација со вкусна пица – истовремено храна за душата и за стомакот. :)
Кампањата првично беше лансирана во Обединетото Кралство, а потоа ќе се прошири и на други пазари во Европа, Јужна Америка и Азија.
Дел од кампањата ќе биде и виртуелна „пица парти“, односно забава која ќе се одржи на 29 септември и ќе вклучува музички настапи организирани во партнерство со New Musical Express.
Кампањата се реализира во соработка со агенцијата Atomic London.