По повод претстојните Божиќни празници, ирскиот пивски бренд Guinness продолжува со својата поддршка за локалните пабови на Британските острови.
Компанијата ја лансираше новата кампања “Good Things Are In Our Grasp” („Добрите работи се во наш дофат“), како дел од која Guinness ќе украси и осветли 22 пабови низ Британија.
Целта е да се прослави враќањето на пабовите како центри на заедницата и места за проживување на радосни моменти во текот на празничната сезона.
За време на пандемијата, Guinness вложи дури 30 милиони фунти во одржувањето на локалните пабови, барови и ресторани.
Како дел од кампањата, брендот исто така направи хорска верзија на песната “Always on My Mind” од Елвис Присли, која ќе биде достапна за слушање преку Spotify.
Кампањата е проследена и со соодветен рекламен спот во чија позадина оди споменатата песна, како и со дигитални out-of-home реклами поставени на железнички станици ширум земјата.
Реализацијата на кампањата е остварена со помош на креативната агенција AMV BBDO.