Вчера официјално започна 65 Меѓународен фестивал на креативноста Cannes Lions , најголемиот светски фестивал за адвертајзинг, а синоќа се доделени и првите награди во категоријата Health&Wellness и Pharma.
Краткиот филм на клиниката Монтефиоре, насловена како “Corazón – Give Your Heart” за донација на органи, креиран од страна на агенцијата JohnXHannes Њујорк, освои Гран-при во категоријата Health&Wellness.
Освен наградата Гран-при, во рамките на оваа категорија, беа доделени и уште 8 Златни Лавови, 12 Сребрени и 18 Бронзени.
Во рамките на категоријата Pharma не е доделена Гран При награда, а доделени се 3 Златни лавови, 15 Сребрени и 11 Бронзени.