Минатата недела во Софија се одржа петтото издание на бугарските IAB Mixx Awards, наградувајќи ги најдобрите дигитални маркетинг решенија за изминатата година. Втора година по ред, најмногу награди освои комуникациската агенција proof., освојувајќи награди во 14 од 16-те натпреварувачки категории. На второ и трето место по број на награди се најдоа агенциите guts&brainsDDB и All Channels Communication.
За овогодинешното издание на IAB Mixx Awards биле пријавени 128 кампањи, што претставува зголемување од 25% во однос на минатата година. Од нив, во финалето стигнале 61 дигитални кампањи, кои беа оценува во 16 натпреварувачки категории – шест повеќе од минатогодишното издание. Воведувањето на нови категории беше резултат на развојот на пазарот на дигитално огласувње и новите трендови и техники во индустријата. Жирито ова година беше поделено во три групи: „Стратегија“, „Креативност“ и „Партнери“, а за прв пат меѓу членовите се најдоа и меѓународни маркетинг експерти.
Вкупно 13 агенции освоија награди на овогодинешното издание на бугарските IAB Mixx Awards. Најуспешна беше агенцијата proof., која освои вкупно 18 награди, од кои 9 златни, 6 сребрени и 3 бронзени. На второ место се најде агенцијата guts&brainsDDB со вкупно 9 освоени награди (2 златни, 3 сребрени и 4 бронзени), а агенцијата All Channels Communication се најде на трето место со вкупно освоени 6 награди (2 златни, 1 сребрена и 3 бронзени).
Целосната листа на победници може да се погледне на следниот линк.