Во Бургас се одржа 24-то издание на бугарските огласувачки награди ФАРА, организирани од страна на Бугарската асоцијација на комуникациски агенции (БАКА). Настанот претставува осврт на огласувачкиот бизнис во Бугарија, обединувајќи на едно место специјалисти за комуникација, уметници и маркетери.
И оваа година агенциите се бореа за награди во два одделни натпревари – креативен и медиумски, секој со соодветни категории и поткатегкории.
За овогодинешното издание се пријавиле вкупно 369 проекти, што претставува пораст во однос на минатата година. Во креативниот натпревар учество зеле 24 агенции, а во медиумскиот – 10 агенции.
Титулата „Креативна агенција на годината“ ја освои агенцијата Human, зад која следуваа агенциите Noble Graphics и guts&brainsDDB.
Во медиумскиот наптревар, најмногу поени освои агенцијата Huts Group, а потоа Human и Zenith (дел од Publicis Groupe Bulgaria).
Главната Grand Prix награда на натпреварот беше доделена за кампањата „Ул. Георги Николов“ на фондацијата „Документалистите“ и агенцијата Noble Graphics.
За „Огласувач на годината“ беше прогласена онлајн трговската платформа Fashion Days, на второто место се најде онлајн речникот „Как се пише?“, а третото место му припадна на ланецот супермаркети Fantastico.
Сите победници во креативниот натпревар можат да се разгледаат на овој ЛИНК, а во медиумскиот натпревар на следниот ЛИНК.