Home » Во фокусот » Доделени годишните признанија за најдобрите во ПР фелата во Србија

Доделени годишните признанија за најдобрите во ПР фелата во Србија

(РЕГИОН) – Здружението за односи со јавноста на Србија, синоќа ги награди најдобрите комуникациски кампањи, проекти и иницијативи, на традиционалниот 17 по ред  ПРием. За наградите оваа година, во 12 категории, пријавени беа вкупно 53 проекти, а во финалниот избор се најдоа  24 проекти од корпоративниот, јавниот и непрофитниот сектор.

Во категоријата ПР агенција на годината, наградата им припадна на Executive Group ( во категоријата големи агенции) и New Moment New Ideas Company (во категоријата мали и средни агенции).

Престижното ПРизнание – Комуникатор на годината, оваа година отиде во рацете на Предраг Марич, заменик министер и началник на секторот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи на Република Србија. Предлогот и одлуката на жири комисијата, кој ќе ја освои титулата Комуникатор на годината, донесена е многу порано, а за жал неодамнешните трагични случувања само дополнително ја потврдија исправноста на изборот на членовите на жирито.

PR srbija PRiznanja

Наградата за особен личен придонес во областа комуникации за 2013 година е врачена на Милош Џајиќ.

Покрај тоа, оваа година агенцијата Executive Group освои најмногу ПРизнанија и тоа во категориите: Интерни комуникации, Бренд ПР, Употреба на дигитални медии и нови технологии и комуникации, како и едно посебно ПРизнание од членовите на жирито за проектот „Национален ден за борбата против ракот на дојка“ за клентот-компанијата Авон. Членовите на жирито доделија уште две посебни ПРизнанија – на агенцијата Action Global Communications за проектот „Air Србија – нова национална авиокомпанија“ и волонтерите кои работат на сајтот www.poplave.rs , за известувањето на јавноста во телот на траењето на поплавите во Србија.

Компанијата Telekom Srbija, оваа година, освои две ПРизнанија за кампањата „Кога возиш, паркирај го телефонот!“ и тоа во категоријата Интегрирани комуникации и Комуникации за општествено одговорни проекти.

ПРизнание во категоријата Корпоративни комуникации – мали и средни претприемачи, освои агенцијата Chapter 4 PR, за проектот „Комуникации на француски начин“, додека во категоријата големи претприемачи, наградата им припадна на компанијата Coca Cola sistem и агенцијатаi Represent Communications.

Награда за комуникации во непрофитен сектор, освои агенцијата New Moment New Ideas Company за проектот „Moto Deda mrazevi“, додека  на компанијата Vip Mobile им припадна ПРизнанието во категоријата Кризни комуникации и управување со ризици, за проектот „Модернизација на Vip мрежната опрема во Војводина “.

 „ Иако бројот на проекти кои оваа година конкурираа за ПРизнание беше нешто помал за разлика од претходната година, нивниот квалитет беше на повисоко ниво и мислам дека сите заедно треба да бидеме горди на развојот на нашата професија. Конкуренцијата беше особено јака и во многу случаи одлучуваа нијанси, како во поглед на избраните финалисти, така и во поглед на победниците“, изјави претседателката на жирито Рајка Шиник Вулиќ.

Синоќа, на традиционалниот ПРием, заедно со основачите и сите досегашни претседатели, обележано е и 10 години постоење на Здружението за односи со јавност на Србија.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365