Home » Во фокусот » Доделени наградите KAKTUS 2017!

Доделени наградите KAKTUS 2017!

Порталот Marketing mreža синоќа ги награди организациите, компаниите, институциите и агенциите за најквалитетните и најпрофесионалните поединечни и интегрирани кампањи на третиот по ред национален Фестивал на интегрирани комуникации во Србија, KAKTUS 2017. За наградите оваа година конкурирале дури 124 проекти.

Кампањата NEO на агенцијата Leo Burnett и компанијата Vip Mobile освоија признание во категоријата Профитна интегрирана кампања, како и Гранд при – Интегрирана кампања на годината. Истоимената агенција освои награда и во категоријата Поединечни кампањи – ТВ кампања, за „Vip Brzalice“, додека компанијата Vip Mobile е прогласена за Огласувач на годината.

McCann Белград, трет пат по ред го освои признанието Агенција на годината. Покрај тоа, оваа агенција освои награди и во категориите Content интегрирана кампања, за проектот Pirulovci (клиент: Froneri Adriatic), Иновативна интегрирана кампања за проектот democrARtisation (клиент: Музеј на современа уметност во Белград) и Поединечни кампањи  – Вирално видео, за проектот „Sa slavom nema šale“ (клиент: Carlsberg Србија).

Во категоријата Поединечни кампањи – Радио, наградата отиде во рацете на агенцијата Communis DDB и компанијата Imlek за проектот „Moja kravica trougao“, додека во категоријата Поединечни кампањи – Принт наградата и` припадна на агенцијата FCB Afirma и Апатинска пивара за рекламата Stella Valentines Day.

Фондацијата Hemofarm и агенцијата Saatchi & Saatchi освоија награда во категоријата Поединечни кампањи – BTL, за кампањата „Najvažniji poziv u životu“. Кампањата „Osiguraj budućnost “ на агенцијата Represent Communications и Здружението на осигурувачи на Србија ја доби наградата во категоријата Поединечни кампањи – ПР.

За најдобра Social Media и дигитална кампања, е прогласен проектот „Bolje visiti na Guarani nego na grani“, а која ја осмисли и реализира агенцијата Pioniri Communications и компанијата Knjaz Miloš.

Кампањата „BIB bend svira za decu“ на Банка Интеза и агенцијата Right ја однесе победата во категоријата Поединечни кампањи – Интерна комуникација, додека најдобар Event во изминатата година беше „Trag u boci, prodaja u Koci“ на агенцијата Homepage и компанијата Coca-Cola HBC Србија.

Проектот „Čoko mleko interaktivna bojanka“ на агенцијата Direct Media и компанијата Imlek е прогласен за добитник во категоријата Поединечни кампањи – Mobile. Во категоријата Поединечни кампањи – Content маркетинг, наградата отиде во рацете на агенцијата Degordian и компанијата Nectar за проектот „Nectar Buzz launch“.

Кампањата „Jelena sa jednim rogom“ на агенцијата Popular Communications и компанијата Апатинска пивара освои награда во две категории – за најдобра Непрофитна интегрирана кампања и Креативна употреба на медиумите.

Агенцијата Ovation BBDO освои награди во две категории  – Outdoor, за кампањата  „Gde su otišle maline?“ која е изработена за компанијата Frikom и Директен маркетинг, за проектот UniCredit Bank VR честитки.

Оваа година за прв пат е доделено и Посебно признание  #KampanjaNaDar,  кое и` припадна на агенцијата April Studio и здружението Банка за храна за кампањата „Banka hrane, awareness kampanja“.

Третото по ред национално доделување на годишните стручни награди предизвика голем интерс од агенциите и компаниите во Србија. За наградите, кои се доделени во 22 категории, конкурирале вкупно 27 агенции и преку 40 компании.

За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди, одлучуваше стручно жири составено од 22 признати и угледни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.

Повеќе информации за фестивалот можете да пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365