Home » Во фокусот » Доделени наградите #kaktus2018!

Доделени наградите #kaktus2018!

Idea Is Nothing Without Execution

Маркетинг мрежа синоќа ги награди организациите, компаниите, институциите и агенциите за најквалитетните и најпрофесионалните поединечни и интегрирани кампањи, на четвртиот по ред национален фестивал на интегрирани комуникацији во Србија, KAKTUS 2018. За наградите оваа година, се натпреваруваа дури 132 проекти, што претставува раст од 6,5% во споредба со минатата година.

Кампањата “Munchmallow – приказна за себе“, која ја креираше и реализираше агенцијата Ovation BBDO за клиентот Јафа, е прогласена за интегрирана кампања на годината – Гранд При. Оваа кампања освои награди во категориите Поединечни проекти – Outdoor и Brand Awarness интегрирана кампања.

Агенцијата Ovation BBDO, со 13 финалисти и пет добитници, прогласена е за Агенција на годината. Оваа агенција освои награди и категоријата Поединечни проекти – PRINT за кампањата “Црно е Заечарско“ (клиент: Хајнекен Србија) и Адаптирана меѓународна интегрирана кампања за “Чипси фудбалска страст” (клиент: Marbo Product).

За четири добитници и шест финалисти, Vip Mobile е прогласен втора година по ред за Огласувач на годината. Vip Mobile, со партнерските агенции, освои награди во категориите на Поединечни проекти – PR и Настан за кампањата “Вип Кинотека“. Агенцијата Leo Burnett и Vip Mobile освоија награди во категориите Поединечни проекти – Радио за кампањата “Жабалески припејд” и Профитна интегрирана кампања за “Биди NEO“.

Агенцијата McCann Белград освои три награди на овогодинешниот фестивал KAKTUS 2018 во категориите на Поединечни проекти – ТВ за кампањата “Свет кој сеуште не сте го запознале” (клиент: MTS), Иновативна интегрирана кампања и Cross Media интегрирана кампања за “The Red Tread” (клиент: Кока Кола).

Агенцијата New Moment New Ideas Company и Фондацијата Хемофарм се наградени во категориите  Поединечни проекти – Media и Непрофитна интегрирана кампања за кампањата “Red Ball“.

Компанијата Mercator S – IDEA доби награда во категоријата Поединечни проекти – BTL за кампањата “IDEA Dorćol“. Во категоријата на Поединечни проекти – Social Media, наградата и` припадна на агенцијата Executive Group  и Атлантик Груп – Гранд Пром за кампањата “Grand Black’n’Easy Kolegende“.

Во категоријата Поединечни проекти – Mobile, наградата ја освои компанијата AVON и агенцијата Saatchi & Saatchi за кампањата #чекирај. Direct Media и Сојузот на параплегичари и квадриплегичари во Србија ја однесоа победата во категоријата Поединечни проекти – Вирално видео за кампањата „Чувај се“.

Communis DDB и Бамби ја освоија наградата во категоријата Поединечни проекти – Content marketing за кампањата “Фати златна рипка“. Universal Music Group & Brands – Western Balkans и Карлсберг Србија се наградени за кампањата “Tuborg Open 2018” во категоријата Поединечни проекти – Инфлуенсер маркетинг.

Кампањата “Matori developer“, на агенцијата Likes & Cookies и Hooloovoo, е наградена во категоријата Поединечни проекти –  Digital. LUNA TBWA е наградена во категоријата Поединечни проекти – Директен маркетинг за кампањата “Лице до Нова Година”.

Четвртото по ред национално доделување на годишните стручни награди привлече голем интерес од агенциите и компаниите од Србија. За наградите кои се доделуваат во 25 категории, конкурирале вкупно 25 агенции и 48 компании.

За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди, одлучува стручно жири, кое го сочинуваат признати и угледни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.

Жирито од Србија оваа година ќе работи во состав: Ана Шутиќ, Creative Director, New Moment New Ideas Company; Бојан Брукнер, Creative Director, Leo Burnet; Бојан Шаптовиќ, Head of Creative, Pioniri Communications; Игор Грмуша, Country Manager, Degordian; Јана Савиќ Растовац, Creative Director,  McCann Белград; Марко Прокиќ, Creative Director, Wireless Media; Милош Џурџевиќ, Creative Director, Fullhouse Ogilvy; Небојша Кривокуќа, Creative Director, Communis DDB; Радован Купрес, Creative Director, LUNA TBWA; Сања Милаковиќ Колунџија, Principal, Executive Group; Соња Грчиќ, Head of Creative & Video, Represent Communications; Владимир Митровиќ, Creative Director, Ovation BBDO; Вољена Даничиќ, Head of Creative, Direct Media.

Регионалното жири оваа година е составено од: Бојан Хаџихалиловиќ, Founder and Creative Director, Fabrika (БиХ); Боштјан Напотник, Creative Director, Futura DDB (СЛО); Домен Хусу, Creative Director, Yin+Young (СЛО); Душан Дракалски, Chief Creative Officer Europe, Ray Production; Илинка Црвенковска, Creative Director, Idea Plus Skopje (MK); Никола Жиниќ, Co-Chairman and Chief Creative Officer, Bruketa&Žinić&Grey (ХР), Петра Крулц, Executive Creative Director, Grey Љубљана (СЛО); Сашо Димитриевски, Partner and Board Member, Pristop/Rednerspace (СЛО); Сеан Поропат, Partner and Creative Director, Studio Sonda (ХР); Томислав Бадер, Partner, (ХР); Томислав Крајачиќ, CEO/CCO, Kofein (ХР); Вања Берталан, CEO, web.burza (ХР); Жарко Димитриоски, Creative Director, Eden na Eden (MK).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365