На свеченоста која се одржа на 26 октомври 2018 во Хотел Континентал Скопје беа доделени Наградите за филантропија ОКО за 2017 година.
Цел на Наградите за филантропија ОКО, кои ги организира Здружението ХОРУС е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го промовира и стимулира развојот на филантропијата во Р. Македонија.
Наградите ОКО им даваат можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од друга страна, наградите им даваат можност и на самите донатори да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство.
Добитници на Наградите по категории се:
- ОКО – Награда за здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија: Здружение Младинска Асоцијација ИМКА (YMCA) Битолa
- ОКО – Награда за новинар/медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија: TV21
- ОКО – Специјална награда за воспоставено долгорочно-стратешко партнерство помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор (заедничка награда за претпријатие и здружение/фондација): Алкалоид АД Скопје и Црвен Крст на Град Скопје
- ОКО – Награда за корпоративна филантропија за мало претпријатие: Фрешис Скопје
- ОКО – Награда за корпоративна филантропија за средно претпријатие: Рок Кафана Рустикана Скопје
- ОКО – Награда за корпоративна филантропија за големо претпријатие: Шпаркасе Банка АД Скопје
- ОКО – Награда за индивидуален филантроп од Р. Македонија: г-н Борче Стаменов
- ОКО – Специјална награда за поттикнување на филантропија во заедницата: Хуманитарна организација Свети Спас Скопје
Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact имплементиран од ХОРУС, како организација – членка на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а со финансиска поддршка на Европската унија.