На четиринаесетите по ред “ПР награди“ кои пред неколку дена (на 26.06) се оддржаа во хотел Хилтон во Бугарија беа прогласени најуспешните ПР проекти во неколку категории и доделени специјалните награди за особен придонес во професијата. На натпреварувањето кое го организира Бугарското друштво за односи со јавноста (БДВО) беа пријавени вкупно 48 проекти.
Со две први награди – во категоријата “CSR проект – непрофитен сектор” и “Онлајн кампања или проект” беше награден проектот “Писмо за промена” на All Channels Communication Group, кој доби и специјална награда од жирито за “Проект-порака” на PR награди 2014.
Во категоријата “PR проект за интерни комуникации” при исклучително висока конкуренција, првото место го освои проектот “Се гордеам со трудот на моите родители“, реализиран заеднички од три компании – Овергас АД, ТехноЛогика и КонтурГлобал Марица Исток 3 .
United Partners ја зедоа првата награда во категориите “PR проект во јавниот сектор” и “Зелени комуникации и урбана средина”.
Со две статуетки од натпреварот си заминаа и New Moment New Ideas кои ги освоија наградите во категориите “Корпоративна PR кампања” и “PR проект за производ или услуга”.
Во категоријата “Политички PR” жирито не додели прва и втора награда, а третото место го освои проектот “Има различна политика” на ПП “Зелените”.
Специјална награда во категоријата “Зелени комуникации и урбана средина”, зедоа и b2b Magazine, медиумскиот партнер на PR награди 2014 и организатор на конкурсот “Најдобра зелени компании во Бугарија”, која отиде кај Chapter 4 за “Зелениот проект на Аурубис 2013”.
Проф. Д-р Љубомир Стојков доби признание за “Придонес во развојот на PR професијата во Бугарија” од Бугарското друштво за односи со јавноста.
Студентките Десислава и Надја ја зедоа во своите раце првата награда во “PR на студентски проект” со нивниот проект “Се е во твои раце”.Освен првата награда во категоријата, тие добиваат и бесплатна обука по “Специјални настани” доделена од М3 Communications College.