Home » Во фокусот » Доделени наградите за најдобрите ПР проекти во Бугарија

Доделени наградите за најдобрите ПР проекти во Бугарија

На четиринаесетите по ред “ПР награди“ кои пред неколку дена (на 26.06) се оддржаа во  хотел Хилтон во Бугарија беа прогласени најуспешните ПР проекти во неколку категории и доделени специјалните награди за особен придонес во професијата. На натпреварувањето кое го организира Бугарското друштво за односи со јавноста (БДВО) беа пријавени вкупно 48 проекти.

PR_priz_2014_pobediteli

Со две први награди – во категоријата “CSR проект – непрофитен сектор” и “Онлајн кампања или проект” беше награден проектот “Писмо за промена” на All Channels Communication Group, кој доби и специјална награда од жирито за “Проект-порака” на PR награди 2014.

Во категоријата “PR проект за интерни комуникации” при исклучително висока конкуренција, првото место го освои проектот “Се гордеам со трудот на моите родители“, реализиран заеднички од три компании – Овергас АД, ТехноЛогика и КонтурГлобал Марица Исток 3 .

United Partners ја зедоа првата награда во категориите “PR проект во јавниот сектор” и “Зелени комуникации и урбана средина”.

Со две статуетки од натпреварот си заминаа и New Moment New Ideas кои ги освоија наградите во категориите “Корпоративна PR кампања” и “PR проект за производ или услуга”.

Во категоријата “Политички PR” жирито не додели прва и втора награда, а третото место го освои проектот “Има различна политика” на ПП “Зелените”.

Специјална награда во категоријата “Зелени комуникации и урбана средина”, зедоа и  b2b Magazine, медиумскиот партнер на PR награди 2014 и организатор на конкурсот “Најдобра зелени компании во Бугарија”, која отиде кај Chapter 4 за “Зелениот проект на Аурубис 2013”.

Проф. Д-р Љубомир Стојков доби признание за “Придонес во развојот на PR професијата во Бугарија” од Бугарското друштво за односи со јавноста.

Студентките Десислава и Надја ја зедоа во своите раце првата награда во “PR на студентски проект” со нивниот проект “Се е во твои раце”.Освен првата награда во категоријата, тие добиваат и бесплатна обука по “Специјални настани” доделена од М3 Communications College.

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365