Во рамки на конференцијата Digital Day во хотелот Hilton во Белград беа доделени наградите MIXX за најдобрите дигитални кампањи и проекти во Србија за 2023 година.
Главната награда Mixx Awards Grand Prix беше доделена за кампањата “Umetnica mora jesti kuvano” од агенцијата Pioniri Communications за брендот Metalac.
Песната „In corpore sano“ на српската претставничка на Евровизија во 2022 година, Констракта, влезе во ушите на цела Србија и пошироко. Хипнотизирачките стихови и миењето раце со помош на леген и бокал беа централниот дел од сценографијата со која Констракта, на изненадување на многумина, победи и отиде на Евровизија. Ваквите ситуации не се планираат однапред, туку целиот тим мора генерираното искуство и довербата на компанијата да ги преточи во брза реакција и одлука која се случува во моментот. Затоа и самата стратегија произлезе од логичните заклучоци дека Металац како признат домашен бренд за метални садови може да биде своевидна „судбина“ за српската претставничка во „белиот свет“. Така се родила кампањата, која годинава беше оценета како најдобра на натпреварот.
Покрај главната награда, на натпреварот беа доделени поединечни награди во 17 категории, и тоа:
- Brand Advertising –18+ godina sa vama, Friday Finally
- Cross Media Integration –Štark – I osmeh je tu, Ovation BBDO
- Innovation –Realno Matis, Why Not Agency
- E-Commerce –Bosch Interprom, Degordian
- Product Launch –#NIJEKROFNA, Popular Communications
- Community Building –Tanjir pun ljubavi, Žiška
- Video Advertising–Skrati priču. Pronađi bolji posao, McCann Beograd
- Content –Lidlova 1, Real Grupa RGS
- Effectiveness – Clipsy Respect za sve što jesi, Ovation BBDO
- Influencer Marketing– Chipsy – Svrati na Domaćinski!, Ovation BBDO
- Social Media –Metalac – Umetnica mora jesti kuvano, Pioniri Communications
- Employer Branding –Bukvalno za kikiriki, Why Not Agency
- TikTok – Grand Kafa – Kako se pije kafa TIkTok, Žiška
- Social Good – Metalac – Umetnica mora jesti kuvano, Pioniri Communications
- Viral – Kasato – Zima teška, a leto lagano, Žiška
- Publisher Project – Mondo Želje, Method Agency
- Digital Communication within the Government, International and non-profit organizations – Kako si, ali stvarno?, Ovation BBDO
Професионалното жири на овогодинешните Mixx Awards го сочинуваа регионални дигитални експерти, меѓу кои: Елена Тенжера (DRV), Наталија Чорбиќ (Pioniri Communications), Јана Савиќ Растовац (McCann Beograd), Милена Максиќ (Ovation BBDO), Влатко Младеновиќ (Polet Grupa), Милена Ѓориќ Гудуриќ (Mastercard), Мартина Петровиќ, Милан Периќ (Carlsberg), Андреј Кугонич (Nordeus), Ивона Маринковиќ (Loreal), Даниел Фазлиќ (Bloomberg Adria), Ѓорѓе Јовановиќ (Friday Finally), Надја Јокановиќ (Wannabe Magazine), Кристина Илиќ (Degordian) и Горан Јанкулоски (Žiška) – кој беше и претседател на стручното жири.
Српското издание на меѓународниот награден фестивал MIXX Awards се одржа по шести пат во организација на Бирото за интерактивно огласување на Србија.