Покрај 10 златни награди на IPRA кои ги освоија хрватските агенции, балканскиот регион може да се пофали со уште 5 награди доделени на агенции од Србија, Бугарија и Грција.
Агенцијата Smart Vision од Белград и освои златна IPRA награда во категоријата „Невладина кампања – Агенција“ за проектот „Dr. Gabor Mate in the Balkans“, реализирана за Фондацијата Новак Ѓоковиќ.
Бугарската агенција United Partners и клиентот Kyndryl освоија награда во категоријата „Односи со медиумите – Агенција“ за проектот „Unveiling Kyndryl’s First Virtual Media Webcast“.
Грчката канцеларија на агенцијата V+O освои две златни IPRA награди. Првата им беше доделена во категоријата „Финансиски услуги и односи со инвеститори – Агенција“ за проектот „Athens International Airport’s Landmark IPO“ реализиран за Атинскиот меѓународен аеродром.
Втората награда V+O Greece ја освои во категоријата „Патување и туризам – Агенција“ за проектот „A Journey Through Time: The Immersive Experience“, реализиран за клиентот Hotel Grande Bretagne.
Третата златна награда за Грција ја освои локалната канцеларија на Ogilvy во категоријата „Внатрешни комуникации – Агенција“. Наградата беше доделена за кампањата „We Think Innovatively. We Work Differently“ за клиентот Eurobank.
Годишните Златни светски награди (GWA) на IPRA, воведени во 1990 година, ја препознаваат извонредноста во практикувањето на односите со јавноста ширум светот во различни категории. Добитниците на наградите се особено горди на ова признание бидејќи тоа докажува дека нивниот проект ги исполнил меѓународните стандарди за извонредност во односите со јавноста.
Целосната листа на победници е достапна на следниот ЛИНК.