Креативната агенција R/GA Australia се здружи со компанијата за достава на алкохолни пијалаци Jimmy Brings и сервисот за персонализирани пијалаци Brewtopia, со цел да го рекреираат вкусот на 2020 година во лименка – пијалак како ниту еден друг.
„Помислете на застоен здив од предолго носење маска, пенливо дезинфекционо средство и солен вкус кој се задржува на јазикот,“ го опишува пијалакот Мајкал Титшал, управен директор на агенцијата R/GA Australia.
„Испробавме и тестиравме секакви одвратни вкусови – квасец, маслинова саламура, црни желе-бомбони, паста за заби – и добивме пијалак за кој мислиме дека достојно ја одбележува годината која што сите ја издржавме,“ додава Џејми Галјарди, маркетинг директор на Jimmy Brings.
Пијалокот кој ја рефлектира горчливоста на 2020 година е достапен за нарачка преку веб-сајтот на Jimmy Brings, меѓутоа сметаме дека видеото е повеќе од доволно за да се добие идеја за неговиот вистински вкус.
[Don’t try this at home]