Во ова ера кога сè треба да биде брзо, чекањето во ресторан е чин на љубов. Чекате да седнете, чекате да бидете угостени и го чекате вашиот оброк. Но, зошто да продолжите да чекате и после тоа?
Според неодамнешно истражување на брендот за сосови Heinz, дури 70% од анкетираните лица изјавиле дека се спремни да почекаат пред да започнат со јадење доколку сè уште немаат добиено кечап со својот оброк, а 60% од нив се подготвени да чекаат и до 9 минути доколку се работи за кечапот на Heinz.
Согласно резултатите на истражувањето, брендот лансираше нова меѓународна кампања во која главната улога ја има она што недостасува. Преку серија на видео спотови, Heinz им оддава признание на луѓето кои се подготвени да чекаат нерационално долго време за да го добијат нивниот омилен кечап.
„Не е важно дали сте гладни, дали јадењето ви се лади или дали вашето друштво веќе почнало да јаде… доколку сте спремни да чекате, тоа мора да биде поради Heinz!“ – е пораката на кампањата.
Овој маркетиншки напор е создаден во соработка со креативната агенција 1984 од Чиле, а ќе се спроведува на пазарите во САД, Канада, Обединетото Кралство, Чиле, Франција, Обединетите Арапски Емирати и Бразил.