Светскиот бренд за пица Domino’s Pizza го промовираше Арт Д’Елија како нов глобален генерален маркетинг директор на компанијата.
Д’Eлија претходно ја извршувал функцијата на генерален бренд директор за иновации во САД, надгледувајќи ги активностите на Domino’s во однос на развојот на нови производи, телевизиското огласување, како и теренските и дигитални маркетинг активности на компанијата. На новата, проширена функција, Д’Елија ќе ги надгледува сите маркетиншки активности на компанијата и на сите нејзини франшизи во светот.
Пред да премине во Domino’s во 2018 година, Д’Елија работел како маркетинг директор на европската мултинационална прехрамбена компанија Danone за територијата на Обединетото Кралство.
Пица-брендот Domino’s Pizza има повеќе од 17,100 продавници во 90 различни пазари ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија.