Пред скоро две недели, американскиот државен секретар Мајк Помпео ја најави можноста за Соединетите Американски Држави да ја забранат кинеската социјална мрежа ТикТок, под обвинение за шпионажа и неовластено собирање на кориснички податоци. Сега, американскиот претседател Доналд Трамп лансираше кампања на Фејсбук и Инстаграм со која ги повикува своите поддржувачи да потпишат петиција за забрана на ТикТок на територијата на САД.
Кампањата се состои од над стотина различни реклами со пораки како „ТикТок ве шпионира“, „Драг ТикТок, американските граѓани заслужуваат приватност“ и „Заштитете ги нашите деца од Кина“. Фејсбук избришале една од рекламите со графика која содржела две полиња за штиклирање, „Да“ и „Не“, под образложение дека ги нарушила правилата на платформата за „непостоечка функционалност“.
Дали САД навистина ќе го забрани ТикТок останува да видиме. Но, и доколку го стори тоа нема да бидат единствени. Претходно Индија го забрани ТикТок откако државата имаше пограничен вооружен судир со Кина.