Трката за нов Претседател на најмоќната држава во светот е во полн ек. На кампањите работат десетици консултанти за политички маркетинг, а кесето за реклами е одамна широко одврзано. Најновиот финансиски извештај открива дека Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп во својата предизборна кампања досега вложил повеќе од 43 милиони долари. Тој во април вложил повеќе од 7,5 милиони долари сопствени пари во својата претседателска кампања.
Трамп, кој порази 16 свои републикански соперници, повеќето од парите ги вложил од сопствениот џеб.
Тој сепак говореше и за донации од околу 1,7 милиони долари минатиот месец. Тие средства се собрани претежно со купување на неговите предизборни сувенири, вклучувајќи црвени капи со написот „Да ја направиме Америка повторно голема“ и преку онлајн донации на сајтот за неговата предизборна кампања.