Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на својата 15-та седница одржана пред неколку дена донесе Правилник за нови рекламни техники.
Со овој Правилник се пропишуваат правилата за користење на новите рекламни техники од страна на давателите на аудиовизуелни медиумски услуги (телевизиски радиодифузери и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање).
Нови рекламни техники се аудиовизуелни комерцијални комуникации кои се иновативни на техничко ниво и се појавуваат како резултат на техничкиот напредок. Нивните специфични карактеристики не се секогаш јасно опфатени со законската регулатива, но во основа се дозволува нивниот развој се додека се применуваат и почитуваат основните принципи што важат за сите комерцијални комуникации. Новите рекламни техники ги опфаќаат рекламирањето на поделен екран, интерактивното рекламирање и виртуелното рекламирање но не се ограничуваат само на нив.
Целта на овој Правилник е:
– Да се обезбеди повекекратна заштита на гледачите од прекумерна изложеност на рекламирање и од нечесни комерцијални практики;
– Да не се спречува употребата на нови рекламни техники.
Целиот текст на Правилникот за нови рекламни техники можете да го погледнете на овој ЛИНК.