Home » Во фокусот » Досетлива визуелна метафора одлично го илустрира новиот производ на KFC

Досетлива визуелна метафора одлично го илустрира новиот производ на KFC

Нова принт кампања на KFC

Најчесто, наједноставните работи се најдобри. И токму тоа е случај со новата принт кампања за KFC Hot and Spicy Chicken, која совршено го илустрира производот буквално претворајќи го во пламен, со цел да го прикаже ефектот на зачинета и лута храна.

Агенцијата Ogilvy Хонг Конг ја осмисли кампањата, во која пилешките парчиња месо беа досетливо ставени во “огнени ситуации”, па така храната стана пламен зад автомобил на ракетен погон или оган при лансирањето во вселенски шатл.

Она што воодушевува кај кампањата е токму оваа едноставност, лишена од непотребни компликации, поврзана со брилијантни визуелни елементи кои го тераат гледачот да се загледа подобро во сликата на зголемениот производ.

Hot&Spicy создава експлозија од огнена жештина со секој залак. Но, нивната крцкава површина и бојата многу наликуваат на реална огнена топка. Таквата визуелна двојност беше наша инспирација за да направиме нешто едноставно и лесно препознатливо“, вели Џон Коеј, креативен директор на Ogilvy Хонг Конг.

Кампањата е лансирана во 60 ресторани низ земјата, а ќе оди како принт и како онлајн промоција преку интернет страниците и социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365