Thighvertising, зборот кој што е кованица од поимите Thigs и Advertising го означува новиот тренд на огласување кој што се роди во Јапонија и кој означува огласување на делови од телото, првично -> “нозете на Јапонките кои носат мини-сукњи”.
Јапонците силно веруваат дека огласувачките пораки треба да бидат таму каде што се очите на потрошувачите, принцип со кој верувам ќе се согласи секој оној кој што работи во огласувачката индустрија.
Но, за разлика од остатокот од светот кој по овој принцип дискутира дали “овој или оној билборд подобро се гледа вака или онака“ или “банерот е поефикасен долу или десно“ , Јапонците смислија оригинален начин кој предизвика бура од реакции на сите страни. Промовираа огласување на нозе од девојки :)
Првично сето тоа беше прифатено како краткорочна шега, но многу брзо почнуваа да се јавуваат агенции кои нудат посредување помеѓу брендовиите и луѓето (пред се девојките) кои сакаат “да рентаат“ некој свој дел од телото за нечија реклама.
Една од маркетинг компаниите кои “посредуваат“ за овој вид адвертајзинг во своите услови за приклучување на девојките наведува и:
– Мора да бидат полнолетни
– Треба да имаат минимум 20 пријатели на социјалните мрежи
– Кога ќе го носат “стикерот“ (рекламата), треба да направат слики од две фрекфрентни локации како се шетаат со него и да тие да ги аплодираат на интернет.
– Препорачливо е кога се носат “рекламите“ покрај мини-сукњата да се носат и долги чорапи, како фокусот на “посматрачите“ се насочи спрема “стикерите“.
Еве неколку фотографии од “медиумите“ :)