Еден од адутите на Прилепска Пиварница, секако покрај носечкиот бренд “Златен Даб“, “народното“ “Крали Марко“ периодов е во мисија на ре-позиционирање на нашите трпези со кампања која вклучува и мини ре-брендирање.
Најпрво беше претставена новата етикета каде црвената и белата боја си ги сменија местата од досега и добивме чист дизајн со црвена позадина и убав, читлив фонт (бели букви) и сето тоа заокружено со идеална нијанса на “златна“ лента.
После претставувањето на новиот изглед, како што е редот, беше претставена и новата реклама која од вчера имавме прилика да ја видиме и на водечките ТВ станици во државава.
Главната улога таму, на “крал во кафаната“, ја игра популарниот балкански актер Драган Бјелогрлиќ а низ одличното сценарио не води феноменално избраниот глас за нарација.