„Држете се до оригиналот“ – е пораката која популарниот бренд на сладолед Magnum им ја испраќа на оние кои сакаат да се провлечат со купување на имитатори.
Централниот спот на новата кампања започнува со сцена во која една жена забележува дека нејзиниот партнер купил лажен Magnum, па се запрашува – доколку можел да го стори тоа, тогаш за што сè друго лаже?
Наскоро таа дознава дека многу работи што некогаш ги земала здраво за готово се всушност измама. Таквите откритија целосно ја разнишуваат нивната врска, па жената си заминува во потрага по вистински Magnum.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Lola MullenLowe Madrid и продукциските компании PROPPA и Bacon.