Home » Во фокусот » “Другарите ги прати среќа“ – нова реклама на Прилепска Газоза

“Другарите ги прати среќа“ – нова реклама на Прилепска Газоза

Главниот македонски бренд-“зближувач“ :)  Прилепска Газоза, во соработка со агенцијата ИМИКА од Скопје, во текот на вчерашниот ден го промовираше својот нов спот насловен како „Другарите ги прати среќа“ , кој беше сниман на повеќе локации во Скопје и на Велешко езеро.

Без нарација, но со одлично продукциски скоцкани сцени, кои самите гласно зборуваат, овој спот нé потсетува на важноста на другарството. Другарството, за нас, е како и дишењето, ни помага да живееме, единствен цемент кој го држи светот заедно. Го препознаваме кога со некого заедно уживаме во молчењето, кога некој се дружи со тебе само заради тоа што си, кога кај некого дома вифито автоматски ти се вклучува, кога заедно не се плашиме од бетонското студенило на градот и уживаме во застрашувачката грандиозност на природата. Кога сме секогаш тука едни за други.

Главните улоги во спотот ги толкуваат актерите Ѓорѓи Нешкоски и Сергеј Димовски. Костимите ги изработи модната креаторка и костимограф Ирина Тошева, а сценографијата е на Симе Бранов. Огнен Димитровски е режисер на ТВ спотот, а директор на фотографија е Дејан Димески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365