Популарната британска пејачка со албанско потекло Дуа Липа и германскиот бренд на спортска опрема Puma се враќаат со уште една заедничка соработка, овој пат во форма на нов каталог со модни комбинации.
Насловен “Forever Classic” и создаден во соработка со Липа и стилистот Лоренцо Посоко, каталогот вклучува четири уникатни модни комбинации во ретро-спортски стил. Притоа, секоја една комбинација се состои од класични парчиња облека и обувки лично избрани од самата пејачка, а извлечени од богатата архива на Puma низ нивната 75-годишна историја.
Каталогот се заснова на темите на „винтиџ“ спортска облека, робустни обувки и разигрни и удобни комбинации пригодни за вежбање и за секојдневно носење, додека пак палетата на бои се заснова на комбинации на црвена, сина и бела.
Модните комбинации вклучуваат скејтерски патики од 1990-те, јакни, тренерки и маици на кратки ракави кои потекнуваат од колекцијата „Pure Sports“ на Puma од 1999 година.