Home » Луксузни брендови » Духот на вселенските истражувања материјализиран во часовникот OMEGA Speedmaster Moonwatch Apollo 8

Духот на вселенските истражувања материјализиран во часовникот OMEGA Speedmaster Moonwatch Apollo 8

Во 1968 година, членовите на вселенската мисија Apollo 8 станаа првите луѓе кои ја виделе темната страна на Месечината. Педесет години покасно, од почит спрема ова значајно достигнување во вселенските истражувања, швајцарскиот бренд за часовници OMEGA го произведе неверојатниот хронограф Speedmaster Moonwatch Apollo 8.

Со своето елегантно црно керамичко куќиште, уникатниот дизајн на часовникот е верен на пионерскиот дух на Apollo 8. Дисплејот е мајсторски скелетизиран со цел да открива дел од внатрешниот механизам, а со помош на ласерска фотоаблазија е создаден и импресивен реалистичен приказ на изгледот на месечевата површина исполнета со кратери. Часовникот доаѓа со перфорирано црно кожно ремче со жолта гума низ средината.

Стрелките се жолти, додека пак тахиметарскиот бројчаник и круната се бели и фотолуминисцентни, односно оддаваат светлина во темнина. Зборовите Speedmaster и Tachymetre се жолти.

Заедниот дел на часовникот е транспарентен и овозможува одличен поглед на механизмот Calibre 1869, кој пак претставува специјална верзија на познатиот механизам на OMEGA Calibre 1861. Околу механизмот се испишани зборовите „We’ll see you on the other side“ („Се гледаме на другата страна“) – реченица која астронаутот Џим Ловел ја кажал непосредно пред Apollo 8 да пристигне на темната страна на Месечината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365