Учењето странски јазик не е лесно, па затоа сервисот за учење на јазици Duolingo отсекогаш ги слави грешките на своите ученици како вредни чекори за стекнување знаење. Во обид да создаде поголема свесност за брендот, Duolingo во Јапонија го отвори првиот „Музеј на лош англиски јазик“ (“Museum of Wonky English”) – посветен на „уметноста на погрешни преводи“.
Музејот е сместен во глеријата UltraSuperNew во Харајуку, Токио, овозможувајќи бесплатен влез за секој што сака да биде „воодушевен“ од шеснаесетте „најдобри“ примери на лоши англиски преводи на територијата на Јапонија. Избраните експонати прикажуваат погрешни преводи на англиски јазик кои на некои сосем вообичаени фрази им дале нови, изненадувачки значења.
Меѓу експонатите се наоѓаат јавни знаци, менија, облека и други предмети, за кои од брендот се надеваат дека ќе ги насмеат посетителите, ќе ги натераат да размислат и да ги охрабрат да се посветат на учењето странски јазик. Понекогаш, во лошите преводи има некоја нова длабочина – посочуваат од Duolingo.
Брендот исто така отпочна активност на социјалните мрежи, повикувајќи ги корисниците да ги споделат хумористичните и интересни погрешни преводи на кои наидуваат во секојдневниот живот. Најдобрите прилози ќе бидат изложени во музејот покрај останатите „ремек-дела“, а оние кои ги испратиле ќе бидат наградени со бесплатен месец Super Duolingo.
Кампањата се реализира со помош на независната креативна агенција UltraSuperNew Tokyo.