Home » Во фокусот » „Дуополот“ на Google и Facebook ќе надмине 60% од вкупните приходи во онлајн адвертајзингот оваа година

„Дуополот“ на Google и Facebook ќе надмине 60% од вкупните приходи во онлајн адвертајзингот оваа година

Меѓународниот сервис за маркетинг истражувања WARC објави дека од вкупните 590.4 милијарди долари потрошени на адвертајзинг во минатата година, дури 144.6 милијарди долари (24.5%) отишле кај Google и Facebook. Нивниот удел во „колачот“ пораснал во споредба со 2017 година кога изнесувал 20.3%, односно е двојно поголем од 2014 година кога изнесувал 10.8%. Предвидувањата на WARC се дека тој ќе продолжи да расте и до крајот на оваа година ќе достигне 28.6%, односно 176.4 милијарди долари.

Гледајќи го само приходите од интернет адвертајзингот, уделот на „дуополот“ на Google и Facebook изнесувал 56.4% во 2018 година, а се очекува да порасне на 61.4% оваа година. Растот на двата гиганти ги зголемува притисокот врз останатите онлајн медиуми, така што вкупниот буџет достапен на нив е прв пат во опаѓање, односно е помал за 0.7%.

Авторот на истражувањето Џејмс Мекдоналд коментира: „Една од главните причини за успехот на „дуополот“ е нивната сопственост на оние дигитални формати кои се сметаат за најефективни од страна на маркетерите: платеното пребарување и таргетираните реклами. Google доминира на пазарот на пребарувачите, така што скоро сите мобилни пребарувања и девет од десет пребарувања на десктоп компјутерите се одвива преку Google. Од друга страна, огласувачите може да ги таргетираат 1,48 милјарди дневни корисници на Facebook, искористувајќи богата датабаза на лични преференции податоци.“

Во истражувањето на WARC се нагласени три клучни трендови поврзани со „дуополот“ на Google и Facebook:

  1. Google и Facebook се во директна конкуренција за видео-доминација

Вредноста на онлајн видео пазарот во 12-те клучни светски пазари – Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Русија, Обединетото Кралство и САД – изнесува 30.2 милијарди долари, што е еднакво на 21.5% од вредноста на линеарната телевизија. Поголемиот дел од овие средства се трошат на социјалните медиуми, во преден план Facebook и YouTube (кој е во сопственост на Google).

И двете компании се надеваат дека ќе го зголемат својот удел и ќе се здобијат со контрола врз пазарот. Законската регулација претставува главната закана за растот на „дуополот“ кој сега за сега не покажува знаци на „успорување“.

  1. Google се бори со Amazon на два фронта за да ја одбрани својата доминација меѓу пребарувачите

Google е платформата на која се случуваат 63,000 пребарувања секоја секунда, односно 2 трилиони пребарувања секоја година, меѓутоа неговата доминација може за скоро време да биде загрозена од Amazon. Имено, гигантот за онлајн трговија развива свој пребарувачки систем, преку кој ќе се обиде да ги доближи огласувачите и потрошувачите до точката на продажба.

Oд WARC очекуваат дека Amazon ќе добие 13.9 милијарди долари од адвертајзинг оваа година, што е сѐ уште далеку од 107.4 милијарди долари на Google, но новниот адвертајзинг бизнис расте многу побрзо од оној на Google. Дури 69% од маркетерите опфатени во новото истражување на WARC изјавиле дека имаат намера да ги зголемат своите адвертајзинг инвестиции во Amazon оваа година.

Amazon, кој има богата датабаза на потрошувачки навики, предводи во новорастечкиот пазар на гласовно пребарување. Нивните Echo уреди ги употребуваат 60% од американските сопственици на паметни звучници, во спредба со 26% кои ги употребуваат сличните уреди на Google.

  1. Младите Американци ја напуштаат основната платформа на Facebook и преминуваат на Instagram

Instagram прерасна во главниот двигател на дневни корисници на Facebook, со проценки според кои дури 15 милиони американски корисници ја напуштиле основната платформа на Facebook од 2017 година.

Растот на популарноста на Instagram не остана незабележанa од страна на маркетерите, така што платформата бележи раст на својот нето буџет од 67% во новото истражување на WARC, и предначи пред Amazon (60%), YouTube (60%) и Facebook (13%).

Facebook реагираше со развој на сервис за енкриптирани пораки со цел да изгради побезбедна околина за онлајн плаќања и да ја врати довербата кај потрошувачите после скандалот со Cambridge Analytica. Компанијата потрошила 1.1 милијарда долари минатата година за амортизирање на последиците од скандалот.

Други клучни информации од новото истражување на WARC:

  • Седум од десет компании не се усогласени со новата европска регулатива за заштита на податоци
  • Телевизискиот reach е клучен за успехот на cross-channel кампањите
  • 5G тројно ќе ја зголеми мобилната брзина до 2022
  • 94% од младите во Обединетото Кралство пристапуваат кон телевизиски стриминг сервиси

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365