Душан Дракалски, регионалниот креативен директор на агенцијата New Moment New Ideas company Y&R е избран како дел од жирито на најпрестижниот светски адвертајзинг фестивал што се одржува во Кан – Cannes Lions.
Тој ќе биде дел од жирито за категоријата Direct Lions, кое го предводи претседателот James McGrath, креативниот директор на Clemenger BBDO Group од Австралија.
Дракалски својата кариера ја започна во 1997 година работејќи за S Team Bates Saatchi & Saatchi а е добитник и на повеќе награди на низа престижни фестивали како Cannes, Eurobest, New York Festival, Epica, Golden Drum, Moscow International Advertising Festival итн..
Минатата година, во рамки на фестивалот Golden Drum, Дракалски беше прогласен за Креативен директор на годината за централно-источна Европа.
Досега бил вклучен како дел од жириjа на повеќе фестивали, вклучувајќи ги тука и Kiev International Advertising Festival, Golden Drum Festival и THE CUP а сега таква прилика ќе има и на Cannes Lions, со што станува прв македонец кој добил таква чест на најпрестижниот адвертајзинг фестивал во светот .