Спротивностите навистина се привлекуваат, а со неочекувана соработка, тоа ни го потврдија и двата најшарени брендови чиј дизајн сега можеме да го носиме во текот на целата година. Оваа сезона се здружија култниот бразилски бренд, Havaianas и Happy Socks, шведски пионер кога станува збор за шарени чорапи и долна облека. Првата соработка на две навидум некомпатибилни брендови резултираше во уникатна колекција што ќе можеме да ја носиме во текот на сите четири сезони.
Ги спои заедничката љубов кон шарени и живописни дизајни кои за секунда можат да го подигнат расположението. Оваа интересна колекција е составена од апостолки и чорапи со три различни принтови инспирирани од снежната Шведска и сончевите плажи на Бразил.
Уникатните принтови кои зрачат со позитивна енергија, прикажуваат скијање, снежни планински врвови, палми, тропски птици и големи океански бранови. Овие модели се полни со карактер и живот, а благодарение на внимателно избраниот дизајн, ќе им се допаднат на сите кои сакаат да го надополнат својот моден израз со уникатни и интересни детали.
Моделите од оваа колекција ќе ги најдете во пакување што содржи апостолки Havaianas и чорапи Happy Socks со ист принт. Колекцијата го следи веќе препознатливиот квалитет, удобност и супериорната изработка на двата бренда. Значи, единствената задача која ви преостанува е да го изберете само омилениот принт!
Колекцијата Havaianas x Happy socks е достапна на интернет страниците www.happysocks.com и www.havaianas-store.com.