Претпазливите гледачи на Super Bowl и рекламите кои се емитуваа за време на големиот натпревар, забележале дека две компании искористиле иста архивска снимка во своите спотови вредни милиони долари телевизиско време.
Имено, хипотекарниот кредитор Guaranteed Rate и веб-платформата за вработување Indeed за време на Super Bowl емитувале две сериозни реклами исполнети со порака за надеж.
Меѓутоа, на 28-та секудна од рекламата на Indeed и на 52-секунда од рекламата на Guaranteed Rate се појавува истата архивска снимка на татко кој ја носи својата малечка ќерка на грб.
Според информациите од двете компании, поклопувањето е целосно случајно и се должи на продукциските тешкотии со кои тие се соочиле поради пандемијата на Ковид-19.
Односно, поради протоколите за заштита и неволноста да ги изложат своите вработени на дополнителен ризик, двете компании не биле во можност да снимаат оригинален материјал, па биле принудени да лиценцираат архивски снимки.
Од Indeed потврдуваат дека немаат намера да ја повлечат или изменат својата реклама, бидејќи сентиментот која таа го испраќа останува ист.