Нов ден, нов Џејмс Бонд филм, уште една сцена со бркотница во реклама на Heineken – но со еден поинаков херој.
Даниел Крејг (Џејмс Бонд) е заштитното лице во новата 90-секундна, високо-октанска реклама од Wieden+Kennedy Amsterdam и MJZ режисерот Том Кунтц – промовирајќи го и пивото и новиот филм во 007 франшизата – Spectre, кој треба да излезе на 6 ноември.
Форматот на рекламата се надоврзува на таа од 2012 по повод излегувањето на Skyfall, кога случај на помешан идентитет пронајде Хајнекен ‘Човек на светот’ – вашиот секојдневен Бонд – вешто избегнувајќи ги негативците кои мислеа дека го бркаат Крејг.
Овој пат, ‘невиниот’ кој несакајќи е вклучен во акцијта е една еднакво вешта жена, која изгледа перфектно опуштена откако е повлечена на водени скии од глисерот на Бонд, носејќи послужавник со пива и користејќи ги своите женски лукавства за да ги насука ‘лошковците’.
Во своето јадро, рекламата е конзистентна со адвертајзинг темите на Heineken во последниве пет години – елегантни мажи кои се забавуваат и шармираат убави жени насекаде во светот.
Ова е последниот проект на W+K Amsterdam за Heineken кој го менува својот стратешки курс и како нова агенција ја ангажира Publicis.