Германската агенција за е-трговија и продажба на далечина (BEVH) соопшти дека дигиталната трговија е локомотива на малопродажбата во денешниот свет
Секторот за е-трговија во Германија порасна за 11,6% во однос на претходната година.
Германската агенција за е-трговија и продажбва на далечина (BEVH) соопшти дека секторот за е-трговија во земјата (вклучувајќи го и данокот на додадена вредност) изнесувал 72,6 милијарди евра во 2019 година, што е за 11,6 проценти повеќе од 2018 година, кога изнесуваше 65,1 милијарди евра.
Извршниот директор на BEVH, Кристоф Венк-Фишер, изјави дека минатата година била рекордна година за е-трговијата во Германија. Тој исто така рече дека одамна стана јасно дека дигиталната трговија е локомотива на малопродажбата во денешниот свет.
Од BEVH проценуваат дека секторот за е-трговија во Германија ќе порасне за околу десет проценти оваа година, достигнувајќи 80 милијарди евра.
Купувањето преку интернет може да биде најбрзиот и честопати најефтиниот начин за купување одреден производ.
Онлајн трговијата се смета за најпрофитабилна форма на трговија заради нејзината едноставност и ниските трошоци.
Најголемите европски пазари за електронска трговија се Германија, Велика Британија и Франција. Овие три пазари заедно остваруваат повеќе од половина од купувањата остварени преку е-трговија во Европа.
Највисок процент на потрошувачи кои купуваат преку е-трговија во странство има во нордиските земји, додека потрошувачите од Велика Британија, Германија и Белгија купуваат во странство за да имаат пристап до новите производи од целиот свет.