Минатиот петок во Скопје се одржа овогодинешното издание на конференцијата за дигитален маркетинг “AllWeb” каде покрај другите говорници и презентации, веќе традиционално, повторно ексклузивно беше презентирано истражување кое се однесува на онлајн светот.
Презентер годинава беше извршниот директор на агенцијата за истражување Инсајдер ИД, Сергеј Зафировски кој пред присутните претстави дел од резултатите од нивното најново истражување за онлајн купувачките навики и e-commerce пазарот во Македонија.
Зафировски сподели дека оптимистичкото сценарио за наредните 5 години предвидува дека e-commerce пазарот во Македонија ќе продолжи со забрзан развој и ќе се дуплира во споредба со сегашниот волумен, достигнувајќи ниво над 90 милиони евра.
Како два најчести негативни аспекти во носењето одлука за купување онлајн, купувачите најчесто ги наведуваат “Сомнеж во Квалитетот на продуктите“ и “Можноста за злоупотреба на приватните податоци“.
Целосната анализа како посебен продукт на агенцијата ќе биде достапна наредниот месец кога во детали и поделена во повеќе различни сегменти ќе биде достапна за клиентите на агенцијата, а во продолжение можете да погледнете што друго беше споделено со посетителите на AllWeb конференцијата: