Сите сте ја слушнале изреката дека агенциите треба да ги користат производите на клиентите. Тоа е она што можете најмалку да го направите, доколку се зафатите со работата да ги продавате тие производи.
Но, што ако ги зголемите влоговите и од тоа направите реално шоу? Еден човек, пет дена, 15 бренда… и суровоста на природата!
Тоа е слоганот на најновата кампања “Living Off the Brands” на агенцијата Roundhouse од Портланд, САД. Во неа, копирајтерот Ли Кимбел поминува пет дена во дивината, исклучиво користејќи производи од брендовите кои агенцијата ги застапува, меѓу кои пак, нема бренд од прехранбената индустрија (освен еден чоколаден бренд, Red Bull и вино). Оваа се дозволените брендови:
- Adidas
• Faust
• Finex
• LA Galaxy
• Leatherman
• Leupold Optics
• Microsoft
• Reebok
• Redington
• Red Bull
• Rio
• Treehouse Chocolate
• Widmer Brothers
• Yeti
Еве еден добар преглед на тоа со што располагаше Кимбел:
Кимбел беше спуштен во долниот тек на реката Крукт во Орегон минатиот понеделник и остана таму до петокот. Неговата авантура можеше да се следи на низа социјални мрежи: Facebook, Instagram, YouTube, Twitter, Periscope и Snapchat.
Кампањата ја одбележува 15-годишнината на Roundhouse.